Кога ќе се спомне зборот „диета“ речиси секој помислува на живот без храна…
Во пракса диетата треба да биде правилен режим на исхрана, без исцрпување и лишување од омилената храна до крајните граници така што може да го загрози здравјето. Важно е да не се одрекувате од ниту една група продукти, само во се што земате, да бидете умерен.
Исто така, мора да ги имате на ум следните правила:
- Водете дневник на исхраната! (така полесно ќе го контролирате внесувањето на производи во текот на денот).
- Чувајте се од стрес (ова е мошне важен фактор за прејадување).
- Решете се од уморот, емотивните дилеми и здодевноста (кога сме изморени и правиме лош избор на храна, а истото важи и за ситуациите кога имаме вишок време. Прејадувањето може да биде поврзано и со нашата моментална емотивна состојба).
- Не го исцрпувајте организмот (не прескокнувајте оброци и редовно внесувајте течности).
- Приуштете си себе си мали задоволства (иако сте на диета, можете да си дозволите себе си повремено да го изедете омилениот десерт или да испиете сок).
- Вежбајте и бидете истрајни (редовното занимавање со физичка активност ќе ви го олесни враќањето во форма, а за подобри резултати пред или по тренингот можете да се напиете некој газиран пијалак со шеќер. Ваквите пијалаци ќе ве направат поиздржливи и ќе ви дадат повеќе енергија за време на тренингот).