Како регионалните медиуми известуваат за „бомбата“ за Заев

По вчерашната бомба на пратеникот Антонио Милошоски во врска со мафијашката спрега помеѓу Заев, Врховниот суд, Јово Вангеловски и Катица Јанева регионалните медиуми на големо се заинтересираа за оваа тема.

Српски „Информер“ напиша дека на Заев не му се пишува добро „Уште една аудио бомба ја дрма власта во Македонија: Заев наредил на Врховниот суд да ги отфрли случаите на Катица Јанева! Судот не може да одлучи, а да не знае Заев!“.

Сајтот пишува дека во аудио бомбата се слуша дека постојат мафијашки врски помеѓу Врховниот суд, СЈО и Катица Јанева и истите се договараат случаите да ги отфрлат.

Заев признава дека со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски се договорил да паднат случаите кои ги водела Катица Јанева.

-Ако ние се договориме, тоа брзо ќе се заврши, а ако не ќе се заврши подоцна, но Врховниот суд веќе одлучи, се слуша на снимката, пренесува „Информер.“

Албанскиот портал „Газета Импакт“ објавува дека опозицискиот пратеник од Македонија објави бова „бомба“, Зоран Заев прислушуван: Во тесна координација со Јанева Опозицискиот пратеник, Антонио Милошоски објави нова „бомба“ која што му била доставена од укажувач, а во која прислушуван е поранешниот премиер Зоран Заев.

Во објавената аудио снимка се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев за кого што Милошоски вели дека сега не е потребно да се потврдува неговиот глас, затоа што за првата бомба која што ја објави, Заев од Прилеп негираше дека тоа е неговиот глас. Милошоски истакна дека според разговорот Заев бил во тесна координација со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Милошоски додава дека ова снимка покажува зошто на Заев му се брзаше да го донесе законот за ЈО, за во иднина овие „бомби“ да не бидат докази, стои во веста на албанскиот сајт „Газета Импакт“.

Друг албански сајт со име „Фактор“ објавува дека пријателот на Рама, поранешниот премиер Заев фатен како го контролира судството! Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски , на прес-конференција за медиумите објави аудио снимка, на која може да се слушне гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, како зборува за одлуки на Врховниот суд во Македонија. Според пратеникот Милошоски, Заев на директен начин се мешал во судските одлуки.

Тој исто така вели дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева била во тесна врска со лидерот на СДСМ, и дека без негова помош немаше да се отвори случајот „Рекет“, објавува албански „Фактор“.