Како се гласа на изборите за Европскиот парламент

Едни од најнеизвесните и можеби клучни за иднината на Европската унија избори за новиот состав на Европскиот парламент започнуваат во четвртокот на 23-ти мај и ќе траат до неделата 26-ти март, а се одвиваат според различни правила од земја до земја.

Секоја држава членка на Европската унија самоата ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент, а се среќаваат рани видови сразмерен состим на гласање, со квоти за жени итм

Кој кога гласа? Британците и Холанѓаните гласаат веќе во четврток на 23-ти мај, Ирците на 24-ти мај, Во Словачка, Латвиоја и Малта се гласа на 25-ти мај. Чесите гласаат два дена, во петок и во сабота. Преостанатите 21 земја гласаат во недела на 26-ти мај.

Европската унија ги пропишува изборите според сразмерен систм, но државите членки самите го одредуваат моделот. Се применуваат притоа три вид: Преференцијално гласање, во 19 земји членки, мешуи кои се Италија, Полска, Холандија, Хрватска и нордиските земји, кога гласачот може, зависно од земјата, да го промени поредокот на кандидатите на листата за којашто гласа, да прецрта кандидати или да комбинира од повеќе листи. Гласање на затворени кандидациски лиси, во седум земји од ЕУ, меѓу кои се Германија, Франција, Шпанијиа и Обединетото кралство без Северна Ирска. Избирачите гласаат за листи на кои не може да го изменат поредокот на кандидатите ниту нивниот состав; Еден пренослив глас, систем според кој се гласа на Малта, во Република Ирска и во Северна Ирска. Избирачот не гласа за готова листа, туку составува своја сопствена листа редејќи ги кандидатите како што сака.

Гласањето е задолжително во пет земји членки на ЕУ. Задолжително е во Белгија, Грција, Бугарија, на Кипар и во Лускембург. Во Белгија и во Луксембург непочитувањето на задолжителното гласање се казнува. Во трите други земји, санкциите, коишто постојат се поблаги.

Кога станува збор за изборните единици, само пет земји од ЕУ ја имаат поделено својата територија на изборни единици, и тоа: Италија – 5,. Полска – 13, Белгија – 3; Ирска – 3 и Обединетото Кралство – 12. Изборните единици се географски востановени, освен во Белгија каде што се јазично дефинирани на гламанска, франкофона и германофона изборна единица. Во другите земји членки избирачите гласат во само една изборна единици која ја опфаќа територијата на целата земја.

За составот на Европскиот парламент се гласа и преку пошта, преку овластени лица и интернет. Гласањето преку пошта е дозволено во 16 земји членки на ЕУ, во прв ред да им се овозможи гласање на избирачите коишто живеат во странство. Тоа е случај во Германија, Обединетото Кралство, Шпанија и во нордиските/скандинавските земји.

Во шест земји дозволуваат гласање преку овластено лице. Сите избирачи може да гласаат преку овластено лице во Франција, Обединетото Кралство, Холандина и Белгија, а во Полска и Шведска само повозрасните и лицата со инвалидидитет кои не можат да се движат може гласат преку овластено лице. Избирачот може да бара од друг избирач да гласа наместо него.

Електронскотпо гласање е уште помалку вообиќаено, Естонија, предводничка кога станува збор за дигиталните технологии во изборниот процес, единствена им овозможува на своите избирачи да гласаат преку интернет.

Последните години едно од позначајните прашања е застапеноста на жените. Родовите квоти за кандидациските листи ги воведоа 11 држави членки на ЕУ. Листите во Франција, Италија, Белгија и Луксембург мора да содржат еднаков број жени и мажи. Во Шпанија, Словенија и Хрватска на листите мора да има најмалку 40 отсто жени во однос на мажите, во Полска таа квота изнесува 35 отсто, во Грција и Португалија претставува 33 проценти. Во Романија, пак, е пропишано дека најмалку една жена и маж мора да има на секоја листа.

Некои од овие земји ги пропишале овие мерки ко итреба да осигураат жените на листите да бидат на оние позиции од кои мора реално да бидат избрани, но санкциите сѐ уште не се сериозни. Листите кои не ги задоволуваат правилата во Грција се поништуваат, додека во другите земји, меѓу кои се Франција и Луксембург, за крашење на правилата не се предвидени казни.

Различна од земја до земја е возрасната граница на избирачите. Во речиси сите членки на ЕУ правото на глас се стекнува со навршени 18 години. Само три земји се исклучок; Грција – 17, а во Малта и Австрија може да се гласа со навршени 16 години.

Возрасната граница за кандидатурата на изборите уште повеќе варира. Петнаесет земји, меѓу кои најголемите Германија и Франција, одредија граница од 18 година. Во десет земји, меѓу кои се Полска и Чешка, кандидатот мора да има наполнето 21 година. Во трите преостанати земји кандидатот мора да има 23 години – во Романија, или 25 години – во Италија и Грција.