Како се гласа во Ајова?

Внатрешните партиски избори во американската сојузна држава Ајова во понеделникот навечер по средноевропско време се првиот изборен настан во рамките на американските претседателски прелиминарни избори.

Помалку од еден процент од Американците живеат во Ајова, но внатрепартиските избори во таа држава се важни симболично, бидејќи тие укажуваат на насоката на претседателските избори.

За републиканските кандидати кои со месеци водат кампања за соборување на демократскиот претседател Џо Бајден, Ајова е пресвртница.

Внатрешните партиски избори би можеле да им дадат опасен ветар да му се приближат на фаворитот, поранешниот претседател Доналд Трамп. Или би можеле да ја потврдат неговата целосна контрола врз базата на републиканците и да му отворат поширок пат до републиканската претседателска номинација.

Што е собрание на гласачи (кокус)?

Собранието (групата) избирачи е состанок на кој гласачите држат и слушаат говори за кандидатите и потоа се изјаснуваат за нив.

Од изборите се разликува по тоа што на вторите гласачите доаѓаат на гласачкото место на денот на изборите и ставаат ливче во кутијата, а оние што не можат да дојдат можат да гласаат по пошта, што силно го промовираа на минатите претседтелски избори демокраите на претседателот Џо Бајден, а најголемиот дел од републиканците сѐ уште сметаат дека тоа е можност за манипулирање со гласовите кои довеле да бидат украдени гласовите на Трамп.

Собирите на ибирачите во Ајова, од друга страна, се одржуваат само навечер и гласачите мора лично да дојдат на пратеничката група за да им се преброи гласот. Собрите се одржуваат во цркви, училишта, библиотеки, дури и во приватни домови.

Тие се организирани од политичка партија, а класичните прелиминарни избори обично сојузните држави.

Ваквиот начин на гласање беше далеку пораширен порано отколку сега. Покрај Ајова, изборните кокуси се одржуваат само во три други сојузни држави – Невада, Вајоминг и Северна Дакота. Тие се одржуваат и на американски прекуморски територии како Американска Самоа, Гуам и Девствените Острови.

Зошто собранијата на избирачите се важни во Ајова?

Логистичките тешкотии при нивното одржување ја прават Ајова добар показател за силината на гласачката база на кандидатот. Оние кои ќе успеат да најдат начин да ја минат ноќта во понеделникот во локалната гимнастичка сала за време на снежното невреме со температури до минус 30 Целзиусови степени се жестоки поддржувачи на нивниот кандидат.

Поточно, резултатите од собранијата на избиралите (изборните колеџи – кокуси) пропорционално ќе одредат колку од 40-те делегати на Ајова ќе добие секој кандидат. Ајова дава мал број делегати на национално ниво, така што освојувањето на државата во оваа смисла не е секогаш главната цел на кандидатот.

Оваа држава е поважна како прв официјален показател за тоа колку некој кандидат има изгледи на националната сцена. Историски гледано, Ајова беше поважна за демократските претседателски кандидати отколку за републиканските.

Како републиканците ќе ги спроведат собранијата на избирачите во Ајова?

Републиканските гласачи ќе се соберат на нивните зборни места ширум државата во понеделникот навечер.

Состаноците ќе ги водат претседавачот и секретарот. Говорите не ги држат кандидатите, туку нивните претставници, а потоа гласачите ќе го дадат својот глас на ливчињата.

Како демократите ќе ги водат собранијата на гласачите во Ајова?

За демократите, собранијата на избирачите во 2024 година ќе бидат главно формалност и нема да имаат значително влијание врз изборната трка.

За разлика од претходните години, демократите во Ајова овојпат можат својот избор на кандидат да го испраќаат по пошта, а на партиските собири најмногу ќе се занимаваат со административна работа.

Кои кандидати ја добуваат наклонетоста во Ајова?

Трамп има значително водство меѓу републиканските кандидати во Ајова. Но, граѓаните на Ајова знаат понекогаш да шокираат.

Во 2020 година, демократскиот кандидат Пит Бутиџиџ неочекувано ја освои Ајова и покрај тоа што беше релативно непознат во споредба со ривалите како Бајден. Во 2016 година, републиканскиот кандидат Тед Круз ја освои државата, победувајќи го Трамп, кој подоцна тврдеше дека тоа е измама.

Жителите на Ајова се гордеат со тоа што се првите кои се изјаснуваат во долгиот процес на претседателските избори и често ги наградуваат кандидатите кои сериозно ги сфаќаат тоа минувајќи одредено време во нивната држава.