Kако секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени!?- прашува ВМРО-ДПМНЕ

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

Само со Ковачевски и Груби, како секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени!?

Ковачевски и Груби го предложиле Христа Најдов секретар на училиште, како еден од членовите на работната група која треба да ги пишува уставните амандмани.

Која е експертизата од уставната материја што може да ја има еден секретар на училиште?

Со каква уставна проблематика се соочува Најдов, предложен од Ковачевски и Груби како секретар на училиште, па за сега да се очекува дека тој ќе даде суштествен придонес.

Ковачевски и Груби немаат луѓе со експертско знаење, користат неколку партиски блиски лица, кои се експерти за се.

Најдов е човек, кого власта претходно го праќаше во работни групи за родова еднаквост, за изборен законик и за што ли уште не, а сега и за уставни амандмани.

Вистинските експерти не сакаат да бидат дел од циркусот на власта наречен работни групи за уставни измени, затоа наместо стручни лица во работната група имаме пензионери, поддржувачи на Путин и секретари од училишта.

Работната група нема кредибилитет, и таа треба да се распушти.