Како сексот ова лето да биде пожежок (прв дел)

Дали сте подготвени сексуалниот живот да ви биден што пожежок како и температурите надвор? Искристете ги сончевите денови и врелите ноќи и зачинете го својот сексуален живот.

Разладете се со ментол и коцки мраз
Ако сакате да се разладите на секси начин, пробајте тоа да го направите со ментол бонбона или коцка мраз. Играјте си со партнерот така што со коцка мраз ќе поминувате по неговото тело. Исто така можете да ставите и ментол бомбона во уста и лесно да го бакнувате партнерот по врат. Поради играта топло-ладно, ќе се возбудите.

Заборавете на гаќичките
Кога ќе се стопли времето, единствено нешто што ќе можете да трпите на себе е лесен фустан. Можете „случајно“ да ги заборавите гаќичките, кога ќе треба да се видите со партнерот. Срамежливо шепнете му во текот на вечерта или пак напишете му порака дека не носите гаќички. Ќе го видите ефектот.

Отворете ги прозорците
Ако дома ви е топло отворете прозор  и уживајте со партнерот во пријатното чувство. Ако и двајцата сте расположени за тоа, можете да имате секс покрај прозор.Свежиот воздух ќе ви годи, а можноста некој да ве види дополнително ќе ве возбуди.

Исперете го автомобилот заедно
Ова лето заштедете пари и прексокнете ги авто-пералните. Излезете надвор со партнерот и заедно фрлете се на работа. Облечете се што помалку, а горе можете да носите костим за капење ако не сте срамежливи. Играјте си, прскајте се, допирајте се. Можеби и нема да стигнете да го исперете автомобилот до крај.

Патувајте како егзибиционисти
Ако одите на летување, бидете креативни, галете се на терасата на хотрелот, изнајмете педалинка и отидете подалеку од брегот. Исто така искористете ја магијата на ноќното капење.