Како, сексуалниот живот на жените се промени за овие две децении

Жените денеска многу лесно се впуштаат во авантура во кревет, имаат двојно повеќе партнери и значително порано ја губат невиноста отколку пред дваесет години, покажала една студија која ја спроведе Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Слични студии се спроведени во 1991 и 2001 година, па развојот на сексуалниот живот на жените, може јасно да се согледа. Ова истражување во кое учествувале повеќе од 15 илјади жени и мажи на возраст од 16 до 74 години, покажало дека дури 16 отсто од жените експериментирале со ист пол, за разлика од мажите, каде што процентот е значително помал, пет отсто.

Додека пред две децении жените имаа просечно четири сексуални партнери, денеска тој број е двојно поголем. Полека, но сигурно се приближуваат кон машката квота од 12 партнери, а невиноста ја губат на 16 години. Интересно е што мажите и жените денеска поретко практикуваат секс за разлика од претходните резултатите на студиите.

Пред дваесет години, водевме љубов петпати месечно, а денеска трипати. Професорката Кеј Велингс која учествуваше во спроведувањето на студијата, смета дека тоа е резултат на преокупација со работата.

„Луѓето работат напорно, дури ги носиме и компјутерите и телефоните во кревет,“ смета таа.

Најголемите промени се случија со промената на улогата на жената во општеството, подобра едукација и можност да се контролира плодноста.

Сепак, најшокантно откритие е дека една од десет жени биле приморани на секс, и тоа најчесто со некој кого го познаваат, а помалку од половината ја откриле таа тајна.