Фондацијата СОРОС уште еднаш ја докажа исклучително опозициската настроеност откако распиша Конкурс за ангажирање координатори само во општини каде локалната власт е во рацете на опозицијата, пишува Курир. Останува отворено прашање како баш само Центар, Струмица и Струга се одбрани од страна на Фондацијата?
Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), во јавноста попозната како СОРОС, деновиве објави Конкурс за ангажирање на координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Центар, Струга и Струмица.
Во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, ФООМ на 22-ри јули објавува конкурс за ангажирање на тројца координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Центар, тројца координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струмица и четворица координатори за реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струга.
Она што во овој случај е симптоматично е тоа што сите со три општини раководат лица од опозицијата. Останува нејасно како баш во овие “опозициски“ општини Фондацијата СОРОС се одлучила да објави Конкурс за ангажирање на координатори.
Ако изборот на Струмица и Центар е до некаде јасен од причини што тоа се општини на опозицијата со кои раководат Зоран Заев и Андреј Жерновски, останува нејасно како Општина Струга и Зијадин Села влегле во изборот на Фондацијата, која во јавноста важи за отворен поддржувач на политиките на опозицијата.
Со ова се докажува исклучително опозициската настроеност на Фондацијата. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села очиглендо е ставен на приоритетот на ФООМ, откако изминатиов период беше доста актуелен во јавноста, како најгласен по пресудите за случајот „Монструм“ и протестите кои следеа потоа.
Допополнително, најактивни во случувањата со протестите по пресудата беа портали на албански јазик кои добиваат финасиска помош токму од Фондацијата Сорос, како „Лајм“ и „Порталб“. Минатата 2013 година, „Порталб“ добил 40. 977 евра донација од СОРОС, а на страницата на Институт Отворено општество во делот на партнери на организацијата е посочен токму овој портал, што укажува на тоа дека „Порталб“ е чедо на СОРОС.