Како тргнал Ковачевски да распродава, ништо државно нема да остане, вели Костов, уставни измени нема да има – народот тоа не го сака под вакви услови

Неистакнување на државното македонско знаме, некористење на официјалниот јазик на собирите при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија е непочитување на Уставот, државата, потоа доаѓаат протоколите или непочитување на протоколот, рече Сотир Костов, аналитичар на гостување во емисјата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според Костов, како што тргнала власта со распродавање на се македонско нема далеку да се стигне. Тој се осврна и на промена на името на улицата Втора македонска бригада во Адем Демачи.

„Сменети се имиња и на низа на училишта кои носеле имиња на преродбениците. Потоа следи и промена на имиња на улици. То се имиња на лица кои се бореле за сите кои живееле во Македонија“, кажа Костов.
Костов се осврна и на уставните промени кои треба да се најдат на седница во Собранието во петок.
„Не е дали јас верувам дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да гласаат за уставните промени, тоа едноставно е така. Народот не сака уставни промени, не може да има уставни промени под вакви услови“, кажа Костов.

Консензус национален или државен требаше да се гради минатата година, сега не, сега е многу доцна.

„Пред Илинден, Бугарите, а тоа е нивна политика, објавија дека Илинденското востание е бугарско и не се огласи ни претседателот на државата, ниту премиерот. Тоа е недозволиво. И сега не замајуваат со декларации, манифести. Ние се имаме во документите носени, усвојувани низ историјата“, посочи Костов.

Говорејќи за општата лоша состојба, костов укажа дека социјалната револуција почнува со протестот на пензионерите.

„Претходно рушеа „шарените“, а овие кои сега протестираат пензионерите заслужуваат реална поддршка и тие се реална социјална револуција“, вели Костов.