Трендот на пиењето или консумирањето на алкохол е’ се почест кај младата популација. Иако пиењето се препишуваше на мажите, денешната статистика покажува дека се’ повеќе алкохол консумираат и жените.
Но, што точно се случува во нашето тело кога ќе испиеме алкохол?
Алкохолните пијалаци се составени од хемиската супстанција етанол, која директно влијае врз работата на мозокот, на тој начин што може да го оштети или да го уништи. Затоа кога некој ќе испие премногу почнува да му се плетка јазикот, да му се мати видот, се тетерави и не може да си го контролира однесувањето.
Освен атрофија на мозокот доаѓа и до уништување на клетките, па затоа штетата од алкохолот е непоправлива и влијае врз помнењето. Но, не само на мозокот, алкохолот влијае и на црниот дроб. Црниот дроб има важна улога во хемиските процеси на преработка на храната, има важна улога во борбата против инфекциите, во регулирање на циркулацијата на крвта, во отстранувањето на токсичните супстанции од телото, има одбранбена функција во борбата против супастанциите кои предизвикуваат рак. Долготрајното конзумирање на алкохол доведува до појава наречена цироза.
Алкохолот го зголемува ризикот од рак, и тоа рак на устата, на грлото, на хранопроводот. Жените кои пијат секој ден се во поголема опасност да заболат од рак на градите.
Милиони луѓе во целиот свет консумираат алкохол, одвреме на време, без никакви последици, но која е дозволената количина?
Се’ што е умерено е дозволено за нашето здравје. Умерена количина на храна, умерена количина на алкохол. Умереноста се состои во тоа да се пијат мали количини распоредени во текот на целата седмица, а не целата количина да се испие наеднаш.
Ако се испијат повеќе од два пијалока на ден доаѓа до покачување на крвниот притисок, а претераното пиење доведува до мозочен удар, аритмија и срцева слабост.
Еден пијан човек доживува еден облик на труење. После пијанство неопходно е да се направи детоксикација на телото!
Затоа внимателно со пиењето за празниците, умерено си е умерено!
„На здравје!“
Доколку имате прашања поврзани со детоксикација на телото можете да се обратите на мојата електонска пошта.
Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес
e-mail: [email protected]