Црната кампања којашто ја водат социјалдемократите на Зоран Заев, како преку медиумите, преку социјалните мрежи, така и во своите поединечни јавни настапи поттикнува насилство и посегање по животот на политичките противници
Обид за атентат на поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Никола Тодоров беше извршен денеска во просториите на Министерството за здравство пред да се случи примопредавањето на функцијата. Ова не е прв пат да се посегне по животот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
На 13 мај пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пријави дека во куќата на неговиот татко во село Ижиште била пронајдена бомба.
„Екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и антитероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на Татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи“, напиша Милошоски по инцидентот на Facebook.
Напаѓачот кој денеска се обиде да го убие Тодоров е идентификуван. Се работи за Љупчо Стојановски, 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од страна на полиција.
Иако мотивите за инцидентот засега не се познати, останува прашањето дали по доаѓањето на новата влада чиј претседател е лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се зголемат ваквите инциденти и обиди за убиства и закани кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ