Како Заев планира да дојде до стабилно мнозинство?

СДСМ ја разгледува можноста за да му го одземе Министерството за локална самоуправа на НДП на Весел Мемеди и истото да го понуди во пакет на коалициските партнери кои се очекува да бидат Движењето БЕСА предводена од Африм Гаши и ДПА, кои може да формираат пратеничка група од пет пратеници.

Извори од Владата за агенцијата на албански јазик INA велат дека Заев веќе го има ставено на листата за промени овој министерски ресор, кој ќе го искористи за пазарење со новите планирани коалициски партнери, но како што се дознава, последниот збор ќе го каже ДУИ, Али Ахмети, кој ќе одлучи за тоа дали ќе биде потребно овој ресор да му се одземе на Мемеди или ќе му биде заменето со некоја друга функција.

Весел Мемеди во неговите последни изјави ја исклучи можноста за промена на неговите позиции во владата, бидејќи според него тие се изградени врз база на политичка конзистентност, а не брзи авантури како што беше случај со некои политички партии.

Како и да е во наредниот месец ќе се знае што ќе се случи со Владата и кои министри ќе си заминат, за да бидат заменети со нови.