Три лица се евакуирани поради големи поплави во подрачјето на сараевската општина Илиџ, каде што се загрозени повеќе куќи, а во центарот на Сараево се појавиле свлечишта – изјавија утринава од Кантонскиот оперативен центар за Цивилна заштита. Голем дел од кантонот останал без струја бидејќи се поплавени бројни трафостаници.
Дополнителен проблем е што населението по снемувањето на струја останало и без вода, наведуват медиумите во БиХ. Се излеале реките Босна, Добриња, Миљачка, а некаде водостоите ги преминале и вонредните коти за поплави. Поројните дождови предизвикаа бројни одрони и изливања на водата на коловозите, па и сообраќајот е отежнат.
Во Босна и Херцеговина поплави има и во Тузланскиот регион.
Во Хрватска поради обилните врнежи, повремено пропратени со град, изутринава цела Славонија и Барања останале без струја. Хрватските медиуми пренесуваат дека врнежите достигнале дури 67 литри на квадратен метар.
Во Црна Гора изутринава падна снег.