Каков секс бараат мажите по 30-тата година во животот?

Тие тогаш бараат подлабока поврзаност со партнерката и начини за сузбивање на здодевноста во постелата. И една уште подобра вест – тогаш почнуваат да експериментираат и стануваат повеликодушни.

Говорејќи воопштено, нажите се сречни се додека добиваат редовен секс. Низ истражувањето во кое што учествувале 1.500 мажи, авторите сакале да откријат каков вид секс преферираат мажите откако ќе навлезат во 30-тите години од животот.

Помладите мажи се воглавно среќни што воопшто имаат секс, вели Ијан Кернер, автор на книгата „ She Comes First“ и додава дека кога мажите ќе влезат во 30-тите години од животот идејата за сексот се менува.

Голем број мажи во раните 20-ти години изјавија дека не постои ништо подобро од орален секс за постигнување сексуално возбудување. Но, поголемиот број мажи на возраст помеѓу 30 и 34 години велат дека најдобар начин за постигнување ерекција е оралниот секс што тие и го пружаат на партнерката!

Зрелите мажи сфаќаат дека уживањето е подобро ако задоволството е обострано. Тие сфаќаат дека жената нема да доживее оргазам само со пенетрација, вели Кернер.

Мажите во 30-тите се доволно сигурни во сопствените желби и можат да ги споделат со вас, често и како начин за одржувањето на страстите во долгогодишните врски.