Каков универзитет му треба на македонското општество?

Образованието е развоен ресурс, развоен фактор на општеството. Без образование нема наука, па ни наука како ресурс на прогресивен развој, од тие причини се бара од науката и научните истражувања да се поврзуваат со образованието со научно-технолошкиот развој и промените кои настануваат во светот, кај нас и општеството во целина.

Образованието како развоен фактор (кој што треба така да се третира) бара и промени во финансирањето на образованието, односно образованието неможе да се третира како потрошувачка, туку како средство за производство, за интелектуален развој кој во одредени услови ќе ги даде саканите ефекти.

Самиот општествен развој, промените во технолошко-техничкиот развој, пазарната економија и стопанисување, бараат современо образование-едукација на високоостручни кадри, каде што денес во развиените земји прествавуваат значаен развоен ресурс, кој овозможува преструктуирање на стопанството, техничко-технолошка модернизација, прогрес во општествените дејности кој не е можно да се оствари без високообразовни стручни и научни кадри.

Нашите универзитети и високообразовни установи треба национално и интернационално да се интегрираат во изработка на заеднички научно-истражувачки проекти, согласно предизвиците, новините и потребите, почитувајќи ги националните белези и карактеристики, кој ја одразуваат националноста, културата и цивилизацијата. За реализирање на наведените промени и иновациони трендови, универзитетот, високообразовните установи во македонското општество треба да се променат. Таквите промени претставуваат ОТВОРЕН УНИВЕРЗИТЕТ, кој се сообразува, структуира самостојно, научно-истражувачки и врз таа основа врз себе ќе преземе одговорност за профилирање на квалитетни и способни кадри.

Што тоа значи?

Тоа значи подигање на високообразовните установи на рамниште на високообразовен систем на европскиот стандард, на подигање на  квалитетот на студиите и нивна ефикасност, за структурни, организациски и програмски дизајнирани, кои ќе бидат транспарентни, конкурентни, компатибилни и препознатливи на европскиот пазар, на академските услуги и пошироко, како и градење на правна легислатива со земјите членки на Европската Унија.

Како е кај нас, во Македонија?

За жал, иако во Република Македонија се изготвуваат национални програми за развој на образованието (2005-2015, 2015-2025 и сл.) во практиката мошне тешко се изведува, што со право странските експерти даваат критика и сугерираат до Владите на Република Македонија и до ресорните владини институции за состојбите во образованието, во сите степени на образование кои треба да бидат со барањето на новото време и големите предизвици и промени што ги носи тоа. Или како што ќе рече – го парафразирам Жан Моне: „Европа нашиот заеднички дом“, односно обединување на сите народи на Европа. Ако е така, а е така. Европските народи да ја третираат Македонија и нејзиниот народ во европската цивилизација.

Јас  би истакнал, да има еднаквост за сите народи и нивни права, како и законите да се применуваат и да важат за сите. Република Македонија да води долгорочна стратегија во сите области, а не политика во областите, односно да се води образовна, економска, стопанска, здравствена, социјална политика, а не политика во напред наведените области, што за жал е практика во нашата држава. Па, оттука како држава треба сериозно да сме посветени на примените на Уставот на државата, меѓународните конвенции и повелби и слично. Во оваа прилика, сакам повторно да се огласам и повторам за сосотојбите и потребите на високото образование во Република Македонија:

Каков универзитет му треба на македонското општество?

Институциите кои се занимаваат со образованието, науката и техничко-технолошкиот развој, треба да го имаат во предвид фактот и да поаѓаат од тоа дека нашата држава Македонија, има длабоки културно-историски и педагошко – просветителски традиции, уште од древното историско минато, уште од времето на сесловенските и македонски просветители и педагошки дејци Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски. Овие длабоки древно-културно-историски традиции никнати на македонска почва и на македонското едукативно тло потврдуваат дека писменостас е ширела нашироко од Македонија во Европа.

Од напред наведеното, може да се каже дека развојот на општеството е неможен без образование и без високообразовни установи, кои се моторна сила за напредок во сите сфери на општествените дејности, стопанството, културата, економијата, здравството, технологијата и слично.

Вака поставениот високообразовен систем на Република Македонија со отворање на јавни (државни) универзитети и на дисперзирани студии во повеќе средини, како и отворање на приватни универзитети со дисперзирани студии, доведува до дуплирање, триплирање на исти студии и повеќе, без да се направат анализи и реално да се согледаат потребите од такви кадри. Самиот овој факт доволно говори и се наметнува прашањето за каков квалитет станува збор во високото образование, како дејствуваат и опстојуваат високообразовните установи во Република Македонија. Дали со вака поставената мрежа на високообразовните установи (државни-приватни) која не се врши никаква системска  контрола над законитоста на работењето на универзитетите (како приватни исто така и јавни универзитети и нивните единици) некои од нив го уриваат квалитетот и ги  компромитираат критериумите за квалитет, како во образовната така и во научната дејност, односно ги обезвреднува институциите и го девалвира високото образование… Каков закон за високо образование имаме и слично.

Мора да се потенцира дека во Република Македонија потребни се помал број високообразовни установи, потребни се институции што ќе ги прифатат предизвиците на современата едукација со разновидни профили на наставни планови и кадри, обезбедени финансиско-материјални средства за непречено организирање и реализирање образовна, наставна, и научна работа и студенти што ќе им се посветат на студиите, кои навреме ќе ги завршат, а не со години да се третираат како студенти. Со други зборови, на Република Македонија и требаат отворени високообразовни установи, заинтересирани студенти што ќе покажат успех и постигања и ќе бидат третирани како партнери, заедно со наставниците, соработниците и ќе ги дадат саканите ефекти ќе се продуцираат квалитетни кадри.

Според извештаите на УНЕСКО во делот за издвојување за науката, податоците за Република Македонија се поразителни, исто така податоците за македонските универзитети на ранг листата на Шангај  се поразителни. Во нормални, сериозни, правни држави се преземаат  активности и одговорности.

А кај нас, за ова види повеќе:

Зошто македонските универзитети ги нема во првите 500 или 1.000 универзитети во светот

Со ваквиот начин на делување, организирање на високообразовните установи во Република Македонија, состојбата е алармантна, вака не може да се уредува и имплементира Болоњскиот процес, вака не може да се организираме по европски мерила, нормативи и стандарди. Ако државата не се насочи кон повеќе финансиски средства за високото образование и науката, тогаш се повеќе државни универзитети (кои и така во државата се премногу, а некои и политички се формирани) ќе заостануваат зад европските и светските, а некои наставници, особено младите ќе си одат во странство. Со што се доведува во прашање:  Каде ни оди високото образование во Република Македонија? Затоа и во овој дел од  моето пишување е да се потсетиме за високото образование.

Каде одиме? Дали има излез? Да, излез има. Ама ако се сака вистински образованието и Македонија!

Надлежните институции се на потег.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес