Каква е оваа риба? Ова е прашањето што сите го поставуваат откако овие фотографии на еден јапонски рибар со рибата што ја извлекол од водите на Тихиот океан, ги преплавиле социјалните мрежи. За прашањето каква е оваа риба беа покренати бројни расправи.
Имено, се работи за џиновски примерок на риба волк уловена недалеку од островот Хокаидо.
Просечната риба од видот „Anarhichas orientalis“ или риба волк обично расте до должина од 112 сантиметри и е тешка околу 115 килограми, а овој примерок толку многу отскокнува од просекот дека некои веќе почанле да нагаѓаат дека тоа највеќе е резултат на повеќегодишната изложеност на радијацијата од Фукушима.
Тоа се само нагаѓања, а рибарот Хироши Хирасаки се пофали на Твитер како ова е втор ваков улов во последните три месеци.
Овој чудовишен примерок на крај најверојатно ќе заврши во тенџере или во рерна, со оглед на тоа што Хирашаки го посветил животот на лов на необични видови риба и нивно подготвување. Тој дури има објавено и книга со наслов: „Егзотични видови риба: Ги уловив и се обидов да ги изедам“.