Какво цвеќе да подарите за 8-ми март?

По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, на сите мајки, сестри, баби, пријатеки, девојки и колешки треба да им се честита празникот со некој симболичен подарок и искрена насмевка, а кој би бил најубав подаорк за припадничките на женскиот пол ако не е цвеќето?

Цвеќето е убаво во секоја боја. Доколку за осмомартовската грозница имате дилема какво цвеќе да одберете и која да биде неговата боја, прочитајте некои правила, можеби ќе ви бидат корисни. Симболизмот заснован на бојата на цвеќето е посбно поглавје во новата традиција. Всушност секоја боја нуди богата и значајна приказна, стара илјадници години.

Сина

Нијансите на сина боја на цвеќе даваат ефект на смиреност и ведрина. Букето свежо сино цвеќе делува како лек против нервоза.

Розова

Оваа боја зрачи со отменост и веселост. Независно од обликот на цвеќето – од мали рози до нежни камелии – розовите цветови значат млдаост, невиност и уживање.

Виолетова

Оваа боја на цвеќе претставува достоинство, гордост и успех. Било да се работи за букет само од виолетови цветови или виолетови комбинарани со друга боја за да се добие длабочина и контраст, таа симболизира достигнување и восхит.

Црвена

Црвената боја пред се претставува енергија, која има моќ да се трансформира во страсна љубов. Со карактеристики како убавина, храброст и топлина, црвеното цвеќе е најпосакувано кај жените.

Бела