По последниот работен ден, најверојатно имате планови за претстојниот викенд, па сигурно ќе ве интересира какво време не очекува во овие два дена.
Метеоролозите за утре најавуваат магла и ниска облачност, а од недела земјава ќе биде под влијание на влажни и топли воздушни маси од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремен дожд, кој наместа ќе биде пороен.
Во вторник на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег.
Утре температурата ќе се движи од пет степени во Тетово до 13 во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна до шестиот степен. Во недела утринските температури ќе бидат од минус три до четири степени, а дневните до 16-от степен.