Денот ќе го започнеме со облачно и ветровито време. Ќе дува умерен, а локално и засилен јужен ветер.
Врнежи од дожд очекуваме уште рано наутро во западниот регион. Претпладне и околу пладне врнежите ќе бидат застапени во поголем дел од земјава, а поинтензивни ќе бидат во западниот и јужниот регион. Навечер се очекува врнежите значително да намалат на интензитет и постепено да престанат.
Ветерот доцна попладне и навечер постепено ќе стивнува.
Утрото ќе биде топло, а дневниот температурен максимум ќе има вредности помеѓу 14°С и 16°С низ поголемите населени места.
Скопскиот регион го очекува облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе бидат позастапени претпладне и околу пладне. Максималната температура ќе достигне вредности до 14°С. (Метеопро)