![izvos време](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/izvos-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје слично време, сончево со слаб југоисточен ветер и со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата.