Какво време не очекува викендов?

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.  Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени, УВ вредноста 8.

За време на викендот  метеоролозите најавуваат претежно стабилно и потопло време со слаб до умерен северен ветер.

Од понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која ќе услови значително потопло време при што дневната температура во поголем дел од  земјата ќе го надмине 30-тиот Целзиусов степен.