
Стабилно и суво време не’ очекува овој викенд, велат прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно и постудено време со локален дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови од земјата на некои повисоки места ќе има врнежи од дожд и снег.
Веќе во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на температурите.
За в сабота метеоролозите најавуваа умерено облачно време со сончеви периоди и утринска температура од минус два до четири, а дневната од 12 до 19 степени.
Последниот ден од викендот ќе го одбележи слично време со температура до 21-от степен.