Лидерите на СДСМ и на Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши, по двенедели преговори и пазрање во неделата го потпишаа договорот за коалиција, а меѓу позначајните барања кои се одобрени од СДСМ и ДУИ е меѓународна истрага за судски процеси кои се воделе во Македонија а биле оценети како политички инструирани.
Оттука стручната фела почна да се огласува по социјалните мрежи и да го прашува министерот за правда, Бојан Маричиќ како може да пресудени предмети да се води меѓународна истрага.
„Се моли министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?, прашува кусо професорот Гордан Калајџиев.
„Владата ќе побара екипа од независни експерти да направат меѓународна истрага за Монструм, Алмир Алиу и така натака. Владата ќе донесе закон за меѓународен развој за развој на липковскиот регион. Владата ќе развие и ќе спроведе политики за правата на сите заедници во државата, а особено ќе ги поддржи тие за семејството. Ќе ги поддржи политиките за борбата против криминалот и корупцијата. Владата ќе го ревидира законот за извршување кој треба да е во интерес на граѓаните, а потоа на институциите. Владата ќе направи стратегија за развој и квалитет на образованието. Владата ќе работи за спроведување на проектите на сите нивоа, преку зголемување на одговорноста кај функционерите“, кажа Гаши додавајќи дека ова е дел од новата владина програма.