7.8 C
Skopje
четврток, декември 19, 2024

Калајџиев: Предметите од СЈО во ОЈО се префрлени на сила по истечениот рок, со свесно кршење на правото

Ние бутнавме работи со сила, помилувањето со сила, рокот што беше неспорен да не се лажеме, дека беше договорено и Заев и Ван Хојте признаа  дека им даваме специјални алатки, ама и тоа е сериозен потрес за правниот систем и политички им дадовме рок на СЈО и они самите беа свесни  за тоа, ова во емисијата „Стадион на канал 77“ го истакна универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

-Писмото на Катица да го видиме, дали е пишувано со два различни методи, пола на машина, пола ракопис, ама имало проблем самите од СЈО го кажаа тоа. Републичкиот обвинител не го покажа писмото. Не можете така да градите доверба, не можете со свесно кршење на правото. Дури и некои правни аналитичари, ми беше симпатичен до еден момент Петар Арсовски кога се дискутираше како се земени предметите, вика: „Ако не постои правен начин, ќе се најде друг начин“. Не може така, нема друг начин. Или го правиме како што треба или никако, вели Калајџиев.

Целата емисија можете да ја слушнете во продолжение.