Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека кога ќе се разреши шефицата на СЈО Катица Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО.
„Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители. Аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластување специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура, а сите други се негови помошници.
Па така, нема други можности според идејата и духот на законот да има в.д. обвинител од редот на обвинителите.
Според Законот за СЈО, нивното разрешување е директно врзано со мандатот на специјалниот јавен обвинител. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден“, изјави Калајџиев за Канал 5.
Калајџиев вели дека постапките на СЈО кои не се директно загрозени од злоупотреба во моментов ќе мируваат, а потоа ќе продолжат со новиот обвинител, останатите за кои постои сомневање за злоупотреби мора да сопрат.
Шефицата на СЈО Катица Јанева од пред два дена е во притвор за случајот „Рекет“, а е осомничена за злоупотреба на слижбената положба и овластувања.