Калајџиев: Само Уставниот суд е надлежен да каже дали Иванов може да даде помилување

Селективниот Закон за аменстија, со кој беа помилувани дел од учесницит во „27 април“, со што власта си ја задоволи потребата да обезбеди потребен број гласови во Собранието за изгласување на уставните измени под плаштот на „притисоците од надвор“, самиот по себе изискува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со свој акт за аболиција да ги помилува и останатите учесници, со што би ја исправил правната неправда извршена со Законот за амнестија, објави „Денешен“.

До Кабинетот на претседателот Иванов минатата недела пристигна барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање, по што премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска побрзаа да го протолкуваат Законот за помилување како што им одговара и да излезат со идентични изјави дека претседателот нема право непосредно да помилува според членот 11 од Законот за помилување, туку дека постапката оди преку Министерството за правда, поради тоа што членот не бил „оживеан“ и дека во предизборието на претседателските избори нема право да помилува.

Тврдењето на Заев и Дескоска го нема во Изборниот законик

Во Изборниот законик не е содржана одредба со која на претседателот на државата му се ограничува уставната надлежност да врши помилување. Уставот вели дека претседателот го врши помилувањето „во согласност со закон“, но не и дека со закон може да му бидат ограничени уставните надлежности!

Целата забуна ја прави постоењето, односно непостоењето на членот 11 во Законот за помилување.

Правниците со поделени мислења за членот 11

Мислењата на правни експерти и политичари, носители на високи државни функции за последиците од Одлуката на Уставниот суд, се спротивставени. Професорот по казнено право Гордан Калајџиев смета дека правните правните аргументи се поделени и врзани со политички врски.

Мислам дека во овој случај правните аргументи не се пресудни. Правната јавност е поделена. Повеќето теоретичари, вклучително и јас, сме на мислење дека со укинувањето членот 11 не може да се врати. Меѓутоа, тоа е само правно мислење. Тука се авторитети како професорот Шкариќ, но Каракамишева смета обратно. Овде е важно дека во системот Уставниот суд е на мислење дека членот постои, а исто смета и Собранието, и би требало во една нормална држава, ако сме ние нормална држава, ставот на Уставниот суд, кога се работи за прашања од Уставот, да биде врвен авторитет, па дури и кога не им се допаѓа мислењето на професорите, смета Калајџиев.

Делот за помилувањето почнува на 5.40

Ако е така како што смета Калајџиев и други домашни и странски експерти, односно дека со укинување на Законот, Уставниот суд нема надлежност да го „оживее“ избришаниот член 11, тогаш по која основа би бил надлежен за „умирање“ законски одредби?!

Дали претседателот има или нема право непосредно да дава помилување според чл.11 од Законот за помилување (ЗП)

ЗП од 1993 година

Член 8
Во постапката за помилување судот и другите надлежни органи можат да собираат податоци и известувања потребни за решавање по молбата и од други органи и институции. Судот пред да ја достави молбата за помилување до Министерството за правосудство и управа ги проверува фактите и околностите важни за решавање, на кои се повикува подносителот во молбата и извештајот за тоа го приложува кон молбата.
Член 9
Министерот за правосудство и управа веднаш по приемот ја разгледува молбата и другите списи и заедно со свој предлог ја доставува до претседателот на Републиката.
Член 11
Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.

Според Законот за измени и дополнувања на ЗП од 2009 година

Член 10
Членот 11 се брише.

Според Одлуката на Уставниот суд од 2016 година

Законот за измени и дополнувања на ЗП од 2009 се укинува.

Според Законот за дополнување на ЗП од 2016 година

Член 1

Во Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), по членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи:

„Член 11-а

Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување. Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“.

Во прилот на тоа дека членот 11 постои одат повеќе факти, а ќе наведеме дел.

  • Законот со кој тој е избришан, е укинат од Уставниот суд!
  • Во Законот за дополнување на ЗП од 2016 година се воведува и нов член 11-а, а не се врши пренумерација на останатите членови, како што би било доколку законодавецот утврдил дека членот 11 се смета за избришан.
  • Членот 11-а е конскевентен и конзистентен на политиката утврдена со членот 11. Со него се утврдува ексклузивно право на претседателот на државата за поништување на своето, веќе дадено помилување и тоа без учество на Министерството за правда во постапката!