„Калашников“ пронајден на аеродромот Завентем: Апел граѓаните да останат таму каде што се

„Калашников“ е пронајден на аеродромот Завентем во Брисел, пренесува белгиската RTBF.

Локалните власти препорачуваат на училиштата да не ги пуштаат децата надвор од училишните згради, а на родителите им се препорачува да не доаѓаат по нив.

Училиштата да не пуштаат никого внатре, ниту да излегуваат надвор од школските згради. Слична препорака е упатена и на вработените во европските институции.

Во очекување на одлуките на националното собрание и кризниот стожер од училиштата се бара да „не ги пуштаат децата да излезат за време на попладневната пауза“.

Од сите се бара внимателност и се препорачува да останат на местото каде што се нашле во моментот: во училиште, на работа, дома.