Калдерон: Прашање е само на време кога Роналдо ќе се врати на Олд Трафорд

Поранешниот претседател на шпанскиот гигант Реал (М), Рамон Калдерон е убеден дека е само прашање на време кога најголемата ѕвезда во “кралскиот клуб”, Кристијано Роналдо, повторно ќе го облече дресот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

“Јас мислам дека Роналдо нема својата кариера да ја заврши во дресот на Реал (М). Мислам дека е прашање на време кога Роналдо повторно ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед. Знам дека во Мадрид е многу задоволен од градот, од најверните фанови, но знам и дека неговиот однос со претседателот на Реал (М), Флорентино Перез не е ни приближно сличен со тој кој го имаше со легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон. Роналдо сака да има однос, каков што има таткото со својот син. Неговиот однос со Перез е лош или пак не постои”, изјави Калдерон.