ВИДЕО: Мигрантите кај Кале го блокираа патот и се судрија со полицијата

Околу 150 мигранти, некои вооружени со железни шипки се обидуваа да ги сопрат или да се качат во товарните возила што патуваа кон Евротунелот, а судирите со полицијата траеја и во текот на ноќта, пишува „Раша Тудеј“.

Полицијата излегла во областа откако бегалците гневни поради претходниот прогон ги каменувале возилата. Полицијата користела шок бомби и солзавец за да ги сопре бегалците да не стасаат до автопатот и да се качат во камионите.

На судирите им претходеше бурната расправа меѓу полицијата и мигрантите откако властите се обидоа да отстранат дел од кампот џунгла.