На западот на Соединетите држави веќе неколку дена се бележат екстремни горештини, а следните денови во американските сојузни држави Калифорнија и Невада очекуваат рекордно високи температури.
Новите метеоролошки непогоди доаѓаат неколку седмици откако топлотниот бран го погоди северот на САД кој го доживеа најтоплиот јуни во историјата.
Во Долината на смртта во Калифорнија во петокот измерени се 54,4 Целзиусови степени и слична горештина се очекува и овој викенд.
Милиони луѓе во САД живеат под предупредување за екстремни горештини. Во некои области и поради опасност од избувнување шумски пожари им се препорачува евакуација.
Американската национална метеоролошка служба на населението му советува да консумира многу вода и да престојуваат во климатизираните простории.
Температурата во Долината на смртта во петокот се израмни со онаа забележана во август 2020 година, за која некои тврдат дека е највисоката којашто кога и да со сигурност на Земјата. Температурата од 56,7 Целзиусови степени е регистрирана во 1913 година, но тоа го оспоруваат климатските експерти.
Пожарникарите, кои се справуваат со бројните шумски пожари во регионот, велат дека воздухот е толку сув што поголемиот дел од водата којашто ја испуштаат авионите за да го изгасат пламенот испарува дури и пред да падне на почвата.