![1000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/1000-3.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Американската сојузна држава Калифорнија одново „се затвора“ поради „аларамантниот“ број заразени со коронавирусот, а гувернерот Гевин Њусом во понеделникот наложи затоварање на сите барови и ресторани, како и зоолошки градини, кона и музеи о прекинување на сите активности во затворен простор.
Гувернерот рече дека мерките мора да се применуваат на територијата на целата најгусто населена сојузна држава во САД, откако претходно овие објекти беа затворени во потешко погодените окрузи.
Њусом објави и дека фитнес центрите, црквите, фризерските салони и трговските центри мора да ја прекинат работата во затворени простори во 30 окрузи, вклучително и Лос Анџелес, што засегнува околу 80 отсто од популацијата.
Построгите мерки ќе се применуваат следните три дена, објави на Twitter кабинетот на калифорнискиот гувернер.
„Бројот на случаите на Covdi-19 продолжува аларамантно да расте“, напиша Њисом на Twitter во објавата со која ги најави мерките, додавајќи дека бројот на заразените со коронавирусот и бројот на хоспитализираните продолжува да расте.
Калифорнија во неделата имала 8.358 новозаразени. Оваа држава беше првата во САД која во март прогласи карантин. По повторното отворање кон крајот на април, Калофорнија од неодамна бележи остар раст на заразените со коронавирусот.
Во понеделникот властите на Лос Анџелес и на Сан Диего, кои имаат најголем број училишта, објавија дека новата учебна година оваа есен ќе започне само онлајн.