Жителите на Калифорнија го искористија затишјето во повеќенеделниот потоп да ги отстранат урнатите стебла, да ги обноват далноводите и да подготват купишта вреќи со песок пред новата серија бури од петокот повторно да ја погоди оваа на американската сојузна држава.
За заедниците во округот Монтереј, близу реката Салонас чиешто ниво сѐ уште расте, сѐ уште е на сила наредбата за евакуација, бидејќи властите предупредија дека поради водениот налет домаќинствата и компаниите би можеле да останат отсечени.
Во досегашните бури според последните официјални податоци загинале 19 луѓе. Петгодишното момченце кого поројот го однело од автомобилот на неговата мајка додека неа ја извлекувале во округот Сан Луис Обиспо сѐ уште не е пронајдено до четвртокот ноќта.
Најмалку уште два системи на бури би требало да ја погоди Калифорнија и пацифичкиот северозападот почнувајќи од петокот и во текот на викендот, соопшти националната метеоролошка служба, вклучително уште една ткн „атмосферска река“, систем од густа влага кои во Калифорнија доаѓаат од тропскиот Тихи Океан. Државата веќе беше погодена од седум такви метеоролошки феномени во последните две седмици.
Некои од жителите на полуостровот Монтереј и делови од областа околу реката Салинас би можело три дена да бидат отсечени од другите заедници, бидејќи патиштата се веќе поплавени.
Полициската началничка на округот Монтереј, Тина Нието, изјави дека нејзините полицајци оделе од врата до врата во заедниците опфатени со наредбата за евакуација, повикувајќи ги жителите да заминат од нивните домови. Рече дека се очекува реката да дојде до ниво на поплава до 23 часот по локално време во петокот.
Патиштата ширум државата станале непроодни поради одроните на каллива почва и снег. Во главниот град Сакраменто, екипите продолжија со чистењето на урнатите дрвја и со враќањето на електричната енергија, пред дождот да почне повторно во петокот.