Калифорнија воведе задолжително носење маски надвор од домовите

Властите на американската сојузна држава Калифорнија му нарадија на населението да носи маски на повеќето места надвор од нивните домовои, образложувајќи дека новото правило е неопходно бидејќи премноги граѓани го занемаруваат покривањето на лицето во текот на епидемијата на коронавирусот.

Во Калифорнија ќе мора да се носи маска на отворените простори и во секој затворен простор. Исклучок се рестораните, за да можат луѓето да јадат и да пијат, како и рекреациските активности на отворено, сѐ додека се одржува физичката дистанца.

„Науката покажува дека прекривањето на лицете и маските делуваат. Клучно е луѓето околу вас да бидат безбедни, продавниците да бидат отворени и да се придвижи економијата“, изјави гувернерот Гевин Њусом во соопштение.

Медиумите наведуваат дека сѐ уште не е јасно на кој начин оваа уредба ќе се спроведува.

Калифорнија беше првата од американските сојузни држави кои побараа од населението да остане дома, уште на 19-ти март.

Според последните податоци, во Калифорнија се регистрирани околу 161.000 случаи на зараза, а бројот на починатите е 5.290 луѓе.