Калифорнија зафатена од силна бура на „атмосферска река“

Силна пацифичка бура во четвртокот втор не со рад предизвикува силни ветришта, обилни врнежи од дожд и од снег, како и поплави и лизгање на почвата ширум американската сојузна држава Калифорнија, при што десетици илјади домови останаа без снабдување со електрична енергија а пријавени се и неколку смртни случаи.

Бурата ја предизвикале две метеоролошки феномени кои се преклопиле: огромна струја од густа влага во воздухот којашто дошла од океанот, наречена и „атмосферска река“, како и раширениот систем на низок воздушен притисок со ураганска моќ познат и како „циклонска бомба“.

Ударот на екстремното зимско време ја означи третата
„атмосферска река“, и најсилната којашто ја погоди Калифорнија од почетокот на седмицата, со уште најмалку две бури коишто се очекуваат следните неколку денови.

Областа на заливот Сан Франциско, главниот град на државата Сакраменто и околното подрачје сѐ уште закрепнуваат од големите штети од поплавите, а сега се погодени од нови обилни врнежи.

Националната метеоролошка служба (NWS) предвиде зголемено количество врнежи од снег во планините на Сиера Невада и крајбрежните планински вериги на јужна Калифорнија, предупредувајќи на поројни поплави и свлечишта на почвата, како и налети на ветришта кои корнат стебла и блокираат копнениот сообраќај.

Властите известија за најмалку два смртни случаи поврзани со временските прилики, дрво кои се урнало во текот на ноќта врз куќа усмртило едногодишно момченце, а 19-годишна девојка загинала која нејзиниот автомобил се излизгал од делумно поплавениот пат. Според порталот Poweroutage.us, дури 180.000 домови и деловни објекти рано во четвртокот по локално време останале без струја.

За жителите на Калифорнија најновата серија бури ги илустрира последиците од повисоките температурите на морето и воздухот, создавајќи ги ткн „атмосферски речни бури“ сѐ почесто и поинтензивно во периодот на екстремната повеќегодишна суша.

Калифорнискиот гувернер Гевин Њусом прогласи на територијата на државата вонредна состојба во средата, а државни службеници ги повикаа граѓаните да ги избегнуваат патувањата. Се очекува дека дождот ќе престане во четвртокот вечерта, според метеорологот Боб Оравец, но прогностичарите предвидуваат уште бури во претстојните денови.