
Калифорнија стана прва американска сојузна држава која ги забрани пластичните кеси, а таа мерка ќе почне да се спроведува од јули идната година.
Според законот што го ратификуваше калифорнискиот гувернер Џери Браун, пластичните кеси за еднократна употреба во продавниците за храна и аптеките ќе бидат забранети од 1 јули 2015 година, а во останатите продавници една година подоцна.
– Законот што оди во добра насока ја намалува бројноста на пластичните кеси кои ги загадуваат плажите, парковите па дури и самиот океан, колку и да е голем, рече гувернерот потпишувајќи го законот.
Француската Влада планира да ги забрани пластичните кеси за еднократна употреба од 1 јануари 2016, а Европската комисија уште од 2013 од државите-членки на ЕУ побара намалување на користењето такви кеси.