Калифорнија се наоѓа на западниот брег на САД и е најнаселена и трета по големина американска сојузна држава по Алјаска и Тексас. Граничи со сојузните држави Орегон, Невада и Аризона, а на југ со Мексико.
Калифорнија е „родно место“ на филмската индустрија, на интернетот, на комјутерите и друго.
Во септември минатата година стапката на невработеност изнесувала 5,5 проценти. Економијата на Калифорнија е зависна од трговијата и меѓународните бизниси. Сојузната држава во 2008 година извезла стока во вредност од 144 милијарди долари, а речиси половината се компјутери и електрични апарати.
Во Калифорнија во 2010 година живееле над 663.000 милионери, што е повеќе од која било сојузна држава.
Ако Калифорнија би била независна држава би била шеста економија во светот и 35. држава на листата на најнаселени земји во светот. Нејзиниот бруто домашен производ минатата година изнесуваше 2.514 милијарди, што е највисока цифра во САД, а на планетарно ниво подобри бројки имаат само Кина, Јапонија, Германија и Велика Британија, а зад неа се Бразил, Франција, Русија, Италија, Индија, Канада, Австралија, Шпанија и Турција.
Според паритетот на куповната моќ пред Калифорнија се: САД, Кина, Индија, Јапонија, Германија, Русија, Бразил, Франција, Велика Британија и Индонезија, а зад се Италија, Мексико, Шпанија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Канада и Турција.
Повеќето од половината (58 проценти) од државната економија фокусирана е на финансиите, државната управа, пазарот на недвижности, технологијата и деловните услуги. Во Калифорнија се лоцирани седиштата на три од 20 најголеми компании во светот „Chevron“, „Apple“, и „McKesson“.
Главен град на Калифорнија е Сакраменто, а најнаселен е Лос Анџелес, кој е втор во САД по населеност по Њујорк.
Калифорнија пред доаѓањето на европските истражувачи во 16 и 17 век беше населена од разни индијански племиња, а потоа беше дел од Шпанското царство, како и Мексико, а дел од САД стана во 1848 година по Мексиканско-американската војна.
Англискиот јазик и де факто и де јуре е официјален, но истражувањата покажуваат дека само 57,02 отсто од населението (постари од четири години) дома зборуваат англиски, а поголемиот дел од другото население зборува шпански. Речиси секој десетти жител на Калифорнија (9,8 проценти) воопшто не зборува англиски јазик.