Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски нее успеа да се пласира во финалето на ИТФ турнирот што се игра во Поатје, Франција, за награден фонд од 15.000 долари.
Ивановски е запрен во полуфиналето и тоа од домашниот тенисер Саша Гејмар Вајенбург и тоа во два сета со 2:6,6:7 за 100 минути игра.
Првиот сет на убедлив начин го освои францускиот тенисер, а во вториот се водеше голема борба и беше решен во тај-брејкот. Одлучувачкиот гем, Франзуцинот го освои со 10:8.
Ивановски годинава играше во финалето на два турнири и тоа во Монастир, Тунис, но загуби и во двата меча.