Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ турнирот во Австрија

Младиот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во австрискиот град Котингбурн, откако попладнево без загубен сет го совлада во четвртфиналето домашниот претставник Петер Голдштајнер, рангиран на 1.214 место на АТП листата.

Ивановски (1.647 на АТП листата) го совлада Голдштајнер со 6-3, 6-4.

Противник на македонскиот тенисер во дуелот за пласман во финалето ќе биде првиот носител на турнирот Валентин Вашеро од Монако, кој во четвртфиналето со 6-4, 6-1 го совлада Французинот Нејтан Сетон.