Калиопи Букле го откажа синоќешниот концерт откако една жена од публиката почина за време на настанот.
Несреќната жена дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата.
За жал, иако брзата помош пристигнала за кратко време, немало начин да ја спаси.
Калиопи била многу потресена од оваа вест, па ја напуштила сцената, а потоа со полицијата отишла во полициска станица да даде изјава.
Таа во текот на ноќта објави стори на Инстаграм и напиша дека и е многу тешко за трагедијата која се деси на нејзиниот концерт.
– Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Калиопи – стои во објавата на Истаграм.
View this post on Instagram