КАМ, Тинекс и Веро растураат на пазарот за време на пандемијата

Корона кризата изгледа ни го зголеми апетитот. Поради стравот за сопствениот живот, затворени по дома, во карантини и со полициски часови, граѓаните најголемата утеха и разонода бараат на трпезата. Податоците говорат за фантастична сума од 650 милиони евра за време на пандемијата граѓаните потрошиле само во деветте водечки синџири маркети, анализира порталот pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк.

Тие  изнесуваат податоци според кои суверен лидер на пазарот е синџирот маркети КАМ, со вкупно остварени приходи од 169 милиони евра. КАМ е на врвот во последните три години.

На „топ-листата“ следат Тинекс и Веро, а по нив Стокомак и другите познати синџири маркети.

Најголем годишен пораст на приходи е евидентиран кај „Стокомак“ – 27,8 отсто.

Прочитајте ја целата анализа на овој ЛИНК.