Северна Кореја е земја со „брутална диктатура, нелегална програма на вооружување и силно раширено кршење на човековите права“, изјави во четвртокот американската потпретседателка Камала Харис во текот на посетата на граничната линија на поделениот Корејски полуостров.
Камала Харис ја продолжува интензивната последниот период американска дипломатска активност во азиско-пацифичкиот региони, во текот на својата прва посета на Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, изјави дека оваа тешко вооружена граница е очигледен пример за „драматично различните патишта“ по кои тргнале двете земји.
„На северот гледаме брутална диктатура, силно раширено кршење на човековите права и незаконската програма за вооружување која му се заканува на мирот и стабилноста. САД и светот сакаат стабилен и мирен Корејски полуостров на кој Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја) повеќе не е закана“, рече Харис.
Американската потпретседателка ја посети Демилитаризираната зона откако претходно рано утрото допатува во јужнокорејската престолнина Сеул, во контекстот на изразените регионални тензии поради процените на САД дека Северна Кореја ќе изведе следниот месец нов нуклеарен тест, прв по 2017 година и седмо од 2006-та, како и острите воени реакции на Кина на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајван.
Харис разговараше со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол и заедно го осудија тоа што Северен Кореја ја интензивирала нуклеарната реторика и затоа што спроведе од почетокот на годинава низа тестирања на различни видови проектили, а последното во средата.
Исто така, повторно ја истакнаа заедничката цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, објави Белата куќа. Харис повторно потврдила дека САД се доследни во воздржувањето на Северна Кореја, вклучително и „целосниот спектар американски одбранбени капацитети“.
Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун соопшти дека доколку Северна Кореја сериозно провоцира како што е нуклеарна проба, тој и Харис договорил дека веднаш ќе ги спроведат „заеднички подготвените противмерки“, без да прецизира за што станува збор.
Северна Кореја на почетокот од септември донесе нов закон во кој го впиша своето право на користење на превентивни нуклеарни напади во случај на загрозување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Кога станува збор за Тајван, Харис истакна дека напорите да се сочува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец е „клучниот елемент на слободниот и отворен Индо-пацифик“, објави Белата куќа.
Јун во интервјуто за CNN објавено во неделата рече дека во случај на судир околу Тајван, веројатно ќе биде дека Северна Кореја ќе изведе провокација за Сеул и Вашингтон да мора прво на тоа да се фокусираат.
Посетата на Харис на Демилитаризираната зона, е првата посета на некој функционер на администрацијата на претседателот Џо Бајден, а има цел да ја искаже „непоколебливата американска верност на Јужна Кореја“, според нејзините помошници.
Северна Кореја истрела во средата два балистички проектила со кус дострел, што е второ такво тестирање од неделата, додека Јужна Кореја и САД го одржуваат големите поморски вежби во кои е вклучен и носач на авиони. Таквите редовни големи заеднички маневри на Сеул и Вашингтон, во Пјонгјанг редовно ги сметаат за подготовка за инвазија и одговараат со предупредувачки лансирања ракети.
Јужна Кореја и Јапонија објавија дека во петок ќе одржат трилатерални поротивподморнички вежби со американските сили, со кои сакаат да ги подобрат своите способности за соочување со севернокорејските закани, вклучително и балистичките проектили лансирани од подморници. Ќе учествува и американскиот носач на авиони „USS Ronald Reagan“, ракетниот крстосувач со наведувани проектили „USS Chancellorsville“, разурнувачот со наведувани проектили „USS Barry“, јужнокорејскиот разурнувач „Munmu“ и јапонскиот воен танкер „Asahi“.