Камала Харис ќе ја затвори конвенцијата на демократите со „историски говор“

Американската потпретседателка Камала Харис, ќе го одржи најважниот говор во нејзиниот политички живот подоцна во четвртокот кога ќе ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседател на САД, еден месец откако претседателот Џо Бајден поднесе оставка под притисок од партијата.

Претседателските амбиции на Харис отсекогаш биле јасни, но тие беа поткопани од несигурната кампања во 2020 година и истот таквиот потпретседателски мандат, пишува Reuters.

Откако некако стаса на врвот на листата, таа ги подобри изгледите на демократите во претседателската трка против републиканецот Доналд Трамп.

Нејзините остри говори беа дочекани со бран на ентузијазам кај гласачите. Педесет идеветгодишната Харис планира во четврток да зборува за нејзиниот живот како ќерка на татко од Јамајка и мајка Индијка, да ги претстави плановите за справување со зголемените трошоци и унапредување на личните слободи, вклучително и правата за абортус, рекоа нејзините помошници. Додаваат дека остро ќе го осуди и поранешниот претседател Трамп.

„Постои еден тип кој сака да нѐ подели и таа ќе тврди дека едноставно тоа не можеме да го дозволиме, дека ова е Америка и дека можеме сите заедно да се кренеме“, изјави за Reuters Седрик Ричмонд, копретседател на кампањата и долгогодишен советник на Камала Харис.

Харис собра рекордни 500 милиони долари за еден месец и ја намали разликата или го презеде водството пред Трамп во некои анкети во сојузните држави. На национално ниво, таа води со 46,6 проценти наспроти 43,8 проценти на Трамп, според компилацијата од анкетите FiveThirtyEight, која главно ги поддржува демократите, додека воис истражувањето на конзервативно ориентираните медиуми, исто толкаво водство има републиканскиот кандидат.

Сепак, некои политички ан алитичари предупредуваат дека приватните анкети на Харис се помалку „розови“ отколку што покажуваат јавните анкети на мејнстрим медиумите.

Харис допрва треба да артикулира голем дел од својата визија за земјата, а републиканците велат дека демократите потрошиле многу време напаѓајќи го Трамп наместо да објаснуваат како таа ќе управува.

„На многу начини оваа трка сè уште не е ни започната, но кога ќе започне, се надевам, и не го велам ова како републиканец, туку како Американец, дека тоа ќе биде натпревар на политички визии“, рече на прес-конференција Вивек Рамасвами, поранешен републикански претседателски кандидат.