Камала Харис ќе биде полесна за пораз, оцени Трамп по повлекувањето на Бајден од претседателската трка

Во телефонски разговор со „Си-ен-ен“ неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави повлекувањето од претседателската трката, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како „далеку најлошиот претседател во историјата на нашата земја”.

Иако не е јасно кој ќе биде кандидатот на демократите, Трамп рече дека смета оти потпретседателката Камала Харис ќе биде полесна за пораз за разлика од Бајден.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска, по повлекувањето од претседателската трка, ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис како демократска кандидатка на предпретседателските избори, која би се спротивставила на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

-Мојата прва одлука како кандидат на партијата во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој кандидат. И тоа беше најдобрата одлука што сум ја донел. Денеска сакам да ја понудам мојата целосна поддршка Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи – време е да се собереме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме тоа, напиша Бајден на „Х“.