Потпретседателката на САД и претседателски кандидат на Демократската партија, Камала Харис, го одржа последниот говор пред претседателските избори во паркот Елипс, недалеку од Белата куќа, посочувајќи дека САД се пред избори кои ќе покажат дали ќе имаат земја во која слободата е вкоренета за секој Американец или земја во која ќе владее поделба и хаос.
Агенцијата Reuters објави дека на собирот наводно се собрале повеќе од 75.000 луѓе. Инаку, митингот се одржа во близина на Белата куќа каде на 6 јануари 2021 година Трамп им се обрати на своите поддржувачи пред да упаднат на Капитол убедени дека претстедателските избори се лажирани во полза на актуелниот претседател на демократите Џо Бајден.
Харис беше опкружен со американски знамиња на сцената и сино-бели транспаренти на кои пишуваше „Слобода“, а во позадина беше осветлена Белата куќа.
Во дел од говорот таа го нападна претседателскиот кандидат Доналд Трамп, посочувајќи дека тој е личноста која наводно застанала на истото место пред четири години и која наводно „испрати вооружена толпа да ја урне волјата на народот на слободни и фер избори“.
„Американци загинаа како резултат на тој напад“, рече таа, додавајќи дека Трамп е „нестабилна и огорчена личност“. „Тој е нестабилна личност опседната со одмазда, совладан од тага и желен за неконтролирана моќ. Доналд Трамп помина една деценија обидувајќи се да го задржи американскиот народ поделен и во страв еден од друг“, нагласи Харис.
Харис им порача на гласачите дека ќе биде претседател на сите Американци доколку ја изберат. Таа посочи дека главен приоритет на американските власти пред четири години бил да се стави крај на пандемијата и да се спаси економијата, а сега најголем предизвик им е да ги намалат трошоците – трошоците кои растат и пред пандемијата, а кои се уште се превисоки.