Камала Харис го повика Виетнам да се спротистави на „насилното однесување“ на Кина

Американската потпретседателка Камала Харис во средата го повика Виетнам да воспостави поблиски односи со Вашингтон, за да се спротиставата на она што го нарече „насилничко однесување“ на Кина во регионот.

„Мораме да изнајдеме начин да извршиме и да го зголемиме притисокот врз Пекинг да се придржува до Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, како и да се спротиставиме на нивното насилно однесување и претераното полагање на правото на море“, рекла Харис во текот на средбата со виетнамскиот претседател Нгујен Ксуан Пук во средата претпладнето.

Во текот на својот говор во Сингапур во вторникот, Камала Харис рече дека „агресивните територијални присвојувањеа на Јужнокинеското Море претставуваат присила и застрашување“.

Со децении Пекинг води спорови со неколку земји во Азиско-пацифичкиот регион за териротијалната надлежноста на редициа острови во Јужнокинеското Море, каде што се откриени значителни резерви од јаглеводороди. Кина, како и повеќе земји во регионот Јапонија, Виетнам, Филипини и Тајван, сите сојузници на САД, се спорат околу поморските граници и зоните на надлежност во водите на Јужното и на Источното Кинеско Море, низ кои минуваат важни поморски правци преку кои се одвива трговија која на годишно ниво изнесува 5 трилиони американски долари.

Станува збор главно за архипелазитра Сиша (Парацелските острови), Нанша (Спратли) и Гиангјанф (ртот Скарноро).

САД не се страна во територијалниот спор, но не го признаваат тврдењето на Кина која ја обвинуваат дека во споменатите води гради вештачки гребени и острови на кои иснталира воена опрема, и инсистриаат на своето право на „слободна пловидба“ во регионот.

Харис рекла дека САД на Виетнам ќе му донираат нов брод за крајбрежната стража, кој ќе помогне ов одбраната на крајбрежната територија. Претставничката на Вашингтон, исто така, рекла дека билатералните односи меѓу двете земји ќе биде подигнато на ниво на ткн „стратешко партнерство“.

Во текот на посетата, Харис го претстави новиот јужноазиски прегионален Центар за контрола и превенција на болестите, кој е отворен во моментот кога Виетнам се соочува со најголемото ширење на заразата од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Броткот на смртните случаи од Covid-19 е исто така порест во земјата.

Харис во Виетнам пристигна во вторникот вечерта по дводневната псоета на Сингапур во рамките на кусата турнеа по југоисточна Азија, а од Ханој ќе замине од четврток.