Камала Харис е првата жена, претставена какко првата Афроамериканка и првата личност со азиско потекло што служела како потпретседател на Соединетите држави. По четири години на втората највисока функција, Харис повторно се обидува да испише историја со преземање на челната позиција.
Харис го доби благословот на претседателот во заминување Џо Бајден, кој пред само три месеца „ненадејно“ по жестокиот притисок од неговата Демократска партија се повлече од трката за уште еден мандат, што ја поттикна нејзината молскавична кампања.
Харис е родена на 20 октомври 1964 година во Оукленд, во сојузната држава Калифорнија. Во обраќањето до гласачите, таа често нагласува дека е израсната во средната класа. Нејзиниот татко, Доналд, се доселил од Јамајка за да студира економија, а нејзината мајка Шјамала, истражувачка на рак и активист за граѓански права, дошла од Индија. Тие се венчале во 1963 година и се разделиле кога Харис имала пет години.
Харис главно не го истакна својот пол и раса. Но, таа вели дека Индија е важен дел од нејзиниот живот. Кога таа и нејзината помлада сестра Маја биле мали девојчиња, нивната мајка ги носела во Индија речиси секоја втора година за да ги посетат роднините. Таа им всадила љубов кон индиската храна. Нејзината мајка починала од рак на дебелото црево во 2009 година.
Харис ретко зборува за својот татко, кој станал професор на Универзитетот Стенфорд. Таа еднаш во едно интервју изјави дека не се блиски.
Харис стана првиот афро-американски окружен обвинител во Сан Франциско во 2002 година, а потоа служеше како јавен обвинител на Калифорнија шест години. Но оваа нејзина кариера се користи од нејзините противници за критики, во поглед на наводно протежирање за функцијата поради блискости со висок државен функционер, како и за грешки на нејзината канцеларија во извршување на работата.
Кога се премести во Сенатот на САД во 2017 година, како што сака да истакне, го искористи своето искуство како обвинител за да се истакне на сослушувања од висок профил каде што сурово испрашувала сведоци – од претставници на Трамп до номинирани за Врховниот суд. Меѓутоа, сепак тие испрашувања не резултираа со некои позначајани резулати, па ниту медиумски.
Харис го запознала нејзиниот партнер Даг Емхоф, адвокат специјализиран за индустријата на шоу-бизнисот и забавата, релативно доцна во животот. Пријател ги споил на состанок „на слепо“ во Калифорнија во 2013 година. Тие се венчаа следната година. Емхоф има две возрасни деца од првиот брак: Кол и Ела. Како сопруг на потпретседателот, Емхоф е и првиот „втор господин“ на САД. Доколку Харис победи и стане првата жена на претседателската функција, тој ќе биде првиот „прв господин“.