Бизнисменот Орце Камчев, на 5 октомври, на деградирачки и понижувачки начин бил спроведен од истражниот затвор “Скопје” до Обвинителството, поради распит за една истрага, обвини денеска адвокатот Тони Менкиноски, објави Фокус.
-Во текот на спроводот, на понижувачки и деградирачки начин, Камчев е спроведен од Шутка до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Барам од вас по службена должност да превземете дествија, да го испитате случајот, истакна адвокатот Менкиноски, на денешното судење за “Плацевите на Водно”, а обраќајки се до судијата.
Тој додаде дека Камчев бил легнат на земја и претресуван.
-Лсиците му беа толку стегнати, зад грб, што немаше крв во рацете, појасни адвокатот.
И самиот Камчев истакна дека станува збор за изживување.
-Немил настан беше, бев претресуван надвор, меѓу две возила, легнат на трева, додека другите затвореници се смееја. Лисиците ми беа толку многу стегнати зад грб, што не можев да седнам на клупата во комбето, туку седев на земја. Едноставно беше изживување. Ненормален настан беше, истакна Камчев.
На судењето „Плацевите на Водно”, во момнтот се изведуваат материјални докази на обвинителството, а Камчев минатата недела бил спроведен до Обвинителството за да даде исказ за истрагата “Империја”.