Камчев понудил 1,7 милиони евра гаранција за домашен притвор, Апелација го одбила

Апелациониот суд во Скопје ги отфрли жалбите на одбраната на Орце Камчев, со кои се бараше укинување на мерката притвор, изречена на 12 мај од Основниот суд Скопје 1. Тој ќе остане во затворски притвор најмалку до половината на мај.

Според информациите на „Телма“, адвокатите понудиле ганација од два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш во судската благајна за осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор. Но, апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, сè уште постои опасност од бегство.

Адвокатот на Камчев, Антонио Апостолски во телефонска изјава за телевизијата изјави одлуката е донесена без да им се овозможи и да бидат повикани адвокатите на јавна седница која е законски задолжителна кога се расправа по жалби за вакви истраги и кривични дела.