Камчев префрлен на лекување во „Систина“

Додека поранешниот директор на некогашната Управа за безбдност и контразуинавање (УБК) Сашо Мијалков во средата попладнето се пакувал да излезе од притвор во затворот во скопско Шуто Оризари, сообвинетиот во процесот „Плацеви на Водно“ Орце Камчев се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, со назнака „Итно!“ во четвртокот попладне го испратил на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“.

Камчев, кој е член на одборот на директори на болницата таму веќе го чекал тим од лекари, кој по прегледот утврдил дека треба да биде хоспитализиран,  објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).
Камчев претходно бил го прегледан од  затворскиот лекар и откако притвореникот се жалел на силни и континуирани болки во стомакот, бил напишан извештај и пратен до надлежниот суд. Судот дозволил тој да биде префрлен во приватна болница.
Затворскиот лекар напишал извештај до судијата Илија Трпков претседател на советот во предметот „Плацеви на Водно“. Камчев неколкупати досега го носеле на прегледи во болници од јавното здравство, но овојпат судијата Трпков дозволил да се пренесе во „Аџибадем Систина“.
Апелацискиот суд претходно ја прифати жалбата на Мијалков и тој во средата излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари со полоќената гаранција во изност од 11,1 милиони евра.
Ексшефот на УБК првично доби укинување на притворот од Апелација во предметот „Трезор“ минатата седмица, а за да го спречи излегувањето на слобода, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара нов притвор, но за случајот „Плацови на Водно“ и тој беше одобрен од Основниот кривичен сув.
Адвокатите на Мијалков се жалеа повикувајќи се на веќе еднаш прифатената гаранција и правосилното решение од „Трезор“, којашто жалба Апелација ја прифати и Мијалков вчера излезе од Шутка