![orce-kamcev-540x364-800x445](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/orce-kamcev-540x364-800x445.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Бизнисменот Орце Камчев во неделата бил приведен во полициска станица од припадници на поранешната полициска единица „Алфа“ поради наводна изборна измама, а подоцна во судот обвинителството поднело барање за наводно планирано бегство.
Според сознанијата, Камчев бил приведен утрово во близина на хотелот „Александар Палас“, близу приватната клиника „Аџибаден Систина“ во којашто има сопственички удел.
Бизнисменот бил приведен во полициската станица во Карпош, според записникот, поради наводна изборна измама, дознава НетПрес.
Меѓутоа, како што потврди за медиумите обвинителката Вилма Рускоска за Камчев ќе биде побаран притвор по информацијата до обвинителството од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), составена на нецела страница.
Од извори блиски на Камчев се дознава дека тој немал никака намера за бегство, што може лесно да се заклучи од некои неспорни и лесно проверливи факти. Општо познато е дека тој буквално секој ден е ангажиран во менаџирањето на клиничката болница „Аџибадем Систина” и особено на нејзиниот ковид- центар. Имено, тој вчера присуствувал на проширувањето на ковод-одделот на клиниката, на кој моментално се лекуваат 70 ковид-пациенти, за што ќе бидат ангажирани дополнителни 17 лекари и медицински сестри.
Досега во медиумите беа објавени повеќе шпекулации дека спроведувањето на Камчев во полициска станица е поврзано со случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“.
Дека сево ова веројатно е неточно, говори и тоа што на бизнисменот му било кажано дека е спроведен во полиција поради некаква изборна измама, за која тој не знае ништо. Поради тоа се јавуваат сомневања дека претставата со приведуввањето на Орце Камчев е изрежирана за да се покријат крупните и други скандали на власта, кои во текот на оваа недела беа обелоденувани буквално секој ден.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја”, но и во случајот „Плацеви на Водно” за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно” првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.